(ФОТО) Продолжуваат интензивните превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска продолжија со реализација на интензивните и вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Активностите се спроведуваат во согласност со оперативниот план и препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19.

Дел од екипите на претпријатието денеска беа ангажирани и за расчистување на остатокот од песок кој како резултат на зимското одржување, беше задржан на коловозот на улицата „15-ти Корпус“.

Posted by Константин Георгиески – официјална страна on Thursday, March 26, 2020

фото: ФБ Константин Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close