(ФОТО) Се асфалтираа 3 краци на улица „Прилепска“ во населбата „Железничка“

Во текот на изминатите денови беа реализирани работни активности за асфалтирање на 3 краци на улица „Прилепска“ во населбата „Железничка“, објави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Асфалтирањето на уличните краци ќе продолжи и во текот на наредниот период, на уште неколку локации во градот и останатите населени места.

Овие активности се во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година во делот на јавниот повик за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички, напиша градоначалникот на ФБ.

Posted by Константин Георгиески – официјална страна on Tuesday, March 24, 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close