(ВИДЕО)Алексијоски: Ги санираме шахтите кај Лагадин, оние кои се излеваа, сега херметички се затвораат

Јавното петпријатие „Колекторски систем“ интензивно работи на санација на колекторскиот ситем.

„Деновиве се работи кај месноста Лагадин, на потегот кај што изминатиов период имаше излевање на шест, седум шахти, од кои четири се во Езеро. Сега истите се херметички затворени. Се работи на систем вовлекување цевка во цевка, на дел од 400 метра, согласно тендерската документација цефките се фи 600“, истакна за Охрид 1, директорот на ЈП  „Колекторски систем“,Владимир Алексијоски.

Инаку овој период се врши и обележување, пристапни патишта, снимање на цевководот, прочистување на цевковод, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици.

Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото.

За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

фото: Охрид 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close