Горивата драстично поевтинија

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на нафтените деривати, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ и ќе бидат на сила најмалку една седмица.

Од полноќ цените на горивата поевтинуваат во просек за 9,18%, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close