(ФОТО и ВИДЕО) Охриѓани го почитуваат полицискиот час

Охрид вечерва под полицискиот час. Ваква е сликата вечерва во Охрид во 21 часот, откако на сила стапи полицискиот час. Охриѓани ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење од 21 до 06 часот. Охрид, вечерва е празен а на улиците само полициски службеници кои се грижат за безбедноста, вршат патрола низ градот и приградските населби со цел доследно спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Охриѓани ја покажаа свеста и совесноста. Сепак, апелирам да седиме дома и да не излегуваме без нужна потреба“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close