(ВИДЕО) „Ѓубрињата“ го запалија ѓубрето во дворовите на дивоградбите

Сопствениците на дивоградби ( хотели, апартмани и куќи ) кои се протегаат на брегот на Охридско Езеро од Даљан па се до „Костозглобна болница“ почнаа со пролетно чистење на дворовите од дивоградбите ( изградени во минатите 20 години ) и како што се очекуваше почнаа да го палат ѓубрето во нивните дворови. 

Безоразното однесување на луѓето кои се газди на двоградбите на овој дел од зашитеното Охридско Езеро е видлив секоја година, бидејќи оваа охридска „елита“ покрај тоа што скоро 20 години е недопирлива за институциите кои гонат дивоградби, таа е и желна да биде заприметена нејзината недопирливост, па така чадот од огнот кој го палат се гледа од месноста „Мауцхер“ и Подмоље и мора чад да дишат сите кои поминуваат покрај оваа целосно дивоизградена наслеба со лукзузни објекти кои треба да се срушат.

На овој потек дивоградби поседуваат повеќе познати охридски бизнисмени, кои во Охрид се презентираат како градска елита, а сликата и состојбата во која Охрид се празни и умира, е адекватна на „елитата“ која во градот опстојува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close