Корона контадикторности: Се откажуваат спортски натпревари, а училиштата работат, концерти, кафеаните полни секоја вечер…

Последните случувања со ширењето на Корона вирусот, полека на површина ги исфрлаат сите контадикторности кои се случуваат кај нас и во светот, поврзани со ширењето, реалните опасности и сите останати детали кои се преземаат да ја спречи епидемијата.

Одговорните во Република Македонија очигледно ги преземаат сите мерки на границите, се проверуваат патниците, особено од подрачјата кои се нотирани како најпогодени од Корона вирусот, а мерките предвидуваат и откажување на спортски натпревари, поголеми културни настани и сл.

Министерот за здравство Венко Филипче предложи до Владата препорака да не се одржуваат јавни собири и спортските натпревари да се одржуваат без публика да се продолжи за уште една недела, односно до 13-ти март. Владата ја прифати препораката, по координацијата со епидемиолози и стручни лица од Управувачкот комитет во Центарот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести.

Image result for coronavirus panic

Сепак останува отворено прашањето како ќе се справиме со тоа дека неколку илјади ученици секојдневно во училиштата, најмладите во детските градинки, студентите на факултетите, фактот дека кафеаните се полни секоја вечер со ротација од по неколку стотини посетители, се организираат концерти со неколку илјади посетители, работат диско клубовите и сите останати места каде на едно место се собираат поголем број граѓани.

Image result for coronavirus children

Колку сме ранливи како општество доволно покажуваат и масовните купувања на брашно, масло и слични прехрамбени производи во маркетите, на самото спомнување на болеста.

Image result for coronavirus panic

Наскоро започнуваат и официјално изборните каравани, кои секако ќе предвидат и масовни митинзи на плоштадите на поголемите градови, што уште повеќе ќе ја усложни состојбата. Премиерот Оливер Спасовски денес истакна дека доколку има потреба за зголемување на мерките за коронавирусот, да бидат поригорозни, со цел заштита на здравјето на граѓаните тоа ќе биде направено.

Тој кажа дека се следат сите аспекти за коронавирусот и максимално посветено работат Министерството за здравство и Кризниот штаб.

– Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите оние кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика, истакна Спасовски.

Вчера беа потврдени два нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во Македонија се искачи на три лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close