ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и в.д. градоначалникот не успеаја да го решат проблемот со бездомните кучиња

Охрид стана небезбедно место за живеење. Охриѓани живеат во страв. Охрид нема ден, а да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња кои се нивна опасност насекаде во градот. Неспособноста на Локалната самоуправа и в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен проблем со кучињата-бездомници, изјави Перчо Божиновски, шеф на центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„За жал се случи она што цело време предупредувавме. Сведоци сме како граѓаните кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото. Кој ќе понесе одговорност за малолетното девојче каснато од куче на Градскиот плоштад? Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски до кога планира да ветува дека ќе го реши проблемот“, запраша Божиновски.

Освен набавените две возила за транспорт на животните и шинтер во Претпријатието не гледаме никакво решение, нагласи Божиновски и запраша дали целта е најмалите да бидат исплашени и трауматизирани, со оставена трага во нивниот понатамошен контакт со кучиња?

 

„Нетретираните кучиња се преносители на зараза која може да има посериозни последици по здравјето на граѓаните. Наместо долгоочекуваниот стационар видовме нов возен парк на директорот Грданоски. Доколку Георгиески и Грданоски не знаат чесно е да признаат, ние сме тука да помогнеме затоа што е во интерес на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи поради нечие незнаење да страдаат жителите и туристите на Охрид. Граѓаните чекаат резултати“, заврши шефот на центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close