Се откажува настанот со кој требаше да се одбележи светскиот ден на ретки болести

Почитувани пријатели ценети поддржувачи!
Со жалење ви соопштуваме дека за настанот за одбележување на светскиот ден на ретки болести во Охрид МОРА ДА ГО ОТКАЖЕМЕ  по донесениот заклучок на денешната владина седница
Се надеваме на ваше разбирање и уште еднаш ви благодариме што ги обоивте социјалните мрежи со боите на ретките болести.

( дел од владиниот заклучок подолу во текстот)

Во насока на натамошна соодветна превенција, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 27 февруари 2020 година, формиран врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се одненсува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.

Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваатврз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close