Мирчески: Елена има сериозен здравствен проблем кој е причина за разделбата

Марјан Мирчески, сопругот на една од нашите најпознати фолк пејачки, Елена Велеска, за „Медиасет.мк“ потврдува дека тој и Елена се разведуваат, овој пат дефинитивно и без можност за предомислување. Тој прстот го впери во Велеска, тврдејќи дека таа има нарушена здравствена состојба и со тоа е опасна за околината. Веста за разводот ја потврди и Велеска за познат магазин.

„Елена се соочи со сериозен здравствен проблем кој не е од телесна природа и кој може да биде опасен како за неа така и за околината. Ситуацијата стана сериозна и за жал невозможно е да живееме заедно со трите деца, па таа на 24 октомври беше пренесена во Прилеп каде беше под надзор на докторот Пирганоски. Елена 14 дена примаше адекватна терапија. По 4 седмици откако беше пуштена од болница прекинала да ја зема терапијата, по што ситуацијата повторно се влоши“, објаснува Мирчески и додава дека во тој период ѝ биле откажани сите настапи кои биле претходно закажани.

Мирчески вели дека тој се грижи за нивните деца, а тврди дека докторот одбивал да го даде извештајот за нејзината состојба во Центарот за социјалните работи, за да се определи старателството.

„Неговото мислење се чека во врска со доделувањето на старателството, кое сега го имам јас, но, кое по разводот ќе мора дефинитивно да припадне кај мене. Децата се целосно свесни во каква состојба се најдовме сите ние заради новонастаната здравствена состојба на Елена, и јас сум постојано во контакт со стручни лица како би им го олеснил овој период кој не е лесен за никој од нас. Единствено не е јасно зошто докторот сеуште не испраќа информација до надлежната институција која мора да има целосна слика за ситуацијата во која за жал се најде мајката на моите деца, а која ситуација не е ни безопасна, ни едноставна и со која се соочуваме сите ние“, вели Мирчески.

Заспрашан дали тој ќе и помогне да Велеска да се справи со здравствената состојба, Мирчески вели дека ќе направи се што може. Но, за старателството ќе се бори до крај.

„Јас сакам децата да се во контакт со нивната мајка, да се гледаат со неа кога ќе посакаат, а Елена да застане цврсто и да продолжи со животот, пред сè како мајка на моите деца, но и како естраден уметник кој оствари импозантна кариера во фолк музиката. Од тие причини ги молам медиумите да останат настрана од овој случај, да имаат предвид дека се работи за нарушување на здравје кое не е од телесна природа и да нè остават во следниот период да се избориме со оваа ситуација на најдобар можен начин кој е во интерес на нашите деца“, рече Мирчески во изјавата за „Медиасет.мк“.

Марјан Мирчески и Елена Велекса последните две години беа актуелни во јавноста со разводите кои беа најавувани во медиумите, па се повлекуваа, за на крај ситуацијата да ескалира.

Извор: медисает.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close