Членството на СДСМ се вработува и на Фејсбук се загрева за изборите

Членовите на СДСМ почнуваат да се загреваат на социјалните мрежи за претстојните избори кои многумина ги оценуваат како судбоносни за преживување на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ , двете партии кои се соочуваат со баластот на нивното наизменично владеење во минатите 30 години.

Познати активисти и истакнати имиња веќе постираат на Фејсбук свои ставови, а ние го пренесуваме постот на господинот Ахмет Пател од СДСМ кој најави победа на изборите, и тоа токму од Месната Организација во Центар која ја донела победата за СДСМ на Локалните избори, кој во Центар победи со околу 100 гласа.

Сосема е очекувани членството во Центар да е активно бидејќи деновиве во јавните претпријатија и Општина Охрид се вработени пет членови на СДСМ од оваа месна организација, сите блиски до раководството.

Инаку и Ресул Шемо од т.н. „Мрежа Шемо“ смета дека го устоличил на градоначалникот, а со исто мнение дека тие го устоличиле се и Египќаните, но и Нефи Усеини од ДУИ.

Погледнете го видеото на кое Градоначалникот Константин тропа на тапан и слави со Египќаните и „Мрежа Шемо“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close