Никола Шишкоски ќе го советува министерот Наќе Чулев за меѓународна политика

Охриѓанецот Никола Шишкоски е именуван за специјален советник за меѓународна политика и соработка со странство во кабинетот на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во Скопје. Ова е првпат последниве децении лице од Охрид да се именува на така висока позиција во кабинетот на МВР. Никола Шишкоски досега работеше во СВР Охрид. Тој е истакнат член и активист на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, од Месниот комитет на „Железничка“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close