Одиме напред или се уназадуваме? Потврдена втора ГМО бременост во Кина

Кинескиот научник Хе Јианкуи, кој тврди дека ги направил првите генетички модифицирани бебиња, сериозно ги прекрши државните прописи, стои во резултатите на истрагата објавена од страна на државните медиуми во понеделникот, објави „Њујорк тајмс”.

Иследниците, исто така, заклучија дека него, но и оние што му помогнале во работата, веројатно ги чека кривична пријава. Тие велат дека истражувањето го направил барајќи слава и богатство за себе. Се вели дека ја заобиколил контролата и сам собрал средства и го организирал својот тим.

Две жени кои учествувале во неговиот експеримент останале трудни, пет жени не останале, една ја прекинала бременоста.
„Ова однесување сериозно ги крши начелата на етиката и моралот, штети на чесното научно истражување и сериозно ги крши релевантните прописи и предизвикува лоши ефекти во земјата и во странство“, соопштија кинеските власти.

Во соопштението стои дека во здрави човечки ембриони е користена непроверена и потенцијално ризична техника за да се спречи потенцијално пренесување на ХИВ. Со својата работа Хе го најави раѓањето на првиот ГМО човек, а многумина предупредуваат дека „дизајнираните бебиња“ можат да доведат до нова ера на генетската нееднаквост со ембриони прилагодени според посакувани особини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close