Зоки Кичеец во ПИ мерките снимен со топ модели од Србија

Зоран Милески Кичеец во јули 2019 додека бил под ПИ мерки најмалку два пати е службено снимен додека низ Охрид се движел со две девојки на возраст од околу 25 огдини кои полицијата ги означила како Н.Н. лица.

Деновиве медиумите пламнаа со наслови за снимките презентирани во судницата на кои се гледаат атрактивните млади девојки.

Медиумите објавуваат дека двете млади дами се од соседна Србија и работат како модели, а едната од нив има остварено и интернационална кариера како топ модел, позната во Америка и Британија.

Инаку случајот со Зоран Милески Кичеец доби правен епилог и одамна во јавноста не се третира како правен случај, а одредени медиуми истиот го „естрадизираа“ и изнесуваа различни толкувања за неговиот личен живот кои варираат од крајност во крајност кулминирајќи по последното рочиште кога видео снимките на кои е Кичеец со девојките со кои оди на забави, се вози на квадрицикли и се гледа пријателството на Милески со двете девојки одекна како нова сензација во медиумите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close