Фатен осомничениот за убиството на Леку

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „убиство во обид“, Оделението за внатрешни работи Струга, поднесе кривична пријава против К.Л.(33) од струшкото село Ливада како и против Е.О.(39), од истото село, за сторено казнено дело „помагање“.
На 14.08.2017, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга со револвер го лишил од живот Д.Б.(58) од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта.

Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект.

фото: Gazeta Express

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close