Јорданоски го повика Донев на ТВ дуел и вели: Некој сам си ја брка мувата што ја има на капата

Претседателот на ГДУ- Охрид Даниел Јорданоски, експресно врати на реакцијата од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев. Јорданоски вели:

„Гледам дека некој многу се навредил и чинам сам си ја брка мувата што ја има на капата…
Почитуван господине Сашо Донев ме радува вашата самодоверба и би бил пресреќен ако имате храброст да го пренесете тоа на ТВ дуел. Ве очекувам во секое време и оставам на вас да изберете време, место и дополнително да си земете правници и некој соработник, па ќе ги соочиме фактите и ќе видиме кој каде и зошто. Воедно ќе ја искористиме приликата и ќе поразговараме за УНЕСКО, за дивоградбите, за Џамијата, за партиските вработувања, за дивите плажи, за затвотрениот базен, за игралиштето во Лескоец, за кејот и за многу други работи.
Соберете храброст и одберете место. Што се однесува до мене би прифатил и во штабот на ДПМНЕ“, напиша претседателот на ГДУ, Даниел Јорданоски.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close