(ВИДЕО) Јорданоски: Ги прашуваме ДПМНЕ и Мицкоски и Донев, каде да бараат работа граѓаните кои не се дел од семејството на Доневи?

За жал, обновувачите на Македонија уште непочнати со обнова си продолжија по старо. Имено пред два дена имаше постапка за вработување во општата болница во Охрид и како во минатото така и сега изборот се сведе на највлијателните, а не на најкадарните. Праксата продолжува со
клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Но во оваа ситуација е интересно тоа што не се однесува на власта, впрочем опозицијата е таа која успеала во своите намери, се вели во соопштението од Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ- Охрид.

Секојдневните пресови на браќата од ДПМНЕ за непотизам и клиентелизам како да се прават ради реда и пополнување на агендата, па и за чудо нивниот претседател на огранокот го нема некое време и очигледно сега знаеме зошто не бил толку присутен.

Постапката за вработување заврши со тужби и жалби, кои искрено не верувам дека ќе имаат ефект, бидејќи законот не важи за големите, а способните и амбициозните ќе треба да продолжат да вадат визи и работа во странство. И на овој конкурс за вработување најкадарните, ако судиме
по кредити не успеа да го добие работното место, ако судиме по просек и тие не го добија работното место, а пак ако судиме по работно искуство и тие не го добија работното место. Знаете ли кој го доби? Епа тоа ќе го прашаме господинот Сашо Донев! Првиот човек на ДПМНЕ во Охрид. Искрено се надеваме дека ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати
зошто не успеале да го добијат работното место и кој го добил и зошто?

Жално е тоа што господинот Мицковски ветува обнова и правда, а неговите локални шерифи уште сега ја започнаа обновота, а замислете што ќе биде кога ќе дојдат на власт.

И за крај од името на ГДУ и нашите сограѓани ги прашуваме и ДПМНЕ и год Мицкоски и господин Донев што да прават останатите граѓани кои не се дел од семејството на Доневи или пријатели и познаници на некој функционер?
Каде да бараат работа тие луѓе? Зарем 10- годишното искуство не е доволно? Зарем просекот од 9,58 не е доволен? Младите се иселувале, епа редно време е да се запрашате зошто е тоа така, истакна Јорданоски на денешната прес конференција.

Прес-конференција на Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ- Охрид

Почитувани претставници на медиумите, почитувани сограѓани,За жал, обновувачите на Македонија уште непочнати со обнова си продолжија по старо. Имено пред два дена имаше постапка за вработување во општата болница во Охрид и како во минатото така и сега изборот се сведе на највлијателните, а не на најкадарните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Но во оваа ситуација е интересно тоа што не се однесува на власта, впрочем опозицијата е таа која успеала во своите намери.Секојдневните пресови на браќата од ДПМНЕ за непотизам и клиентелизам како да се прават ради реда и пополнување на агендата, па и за чудо нивниот претседател на огранокот го нема некое време и очигледно сега знаеме зошто не бил толку присутен.Постапката за вработување заврши со тужби и жалби, кои искрено не верувам дека ќе имаат ефект, бидејќи законот не важи за големите, а способните и амбициозните ќе треба да продолжат да вадат визи и работа во странство. И на овој конкурс за вработување најкадарните, ако судиме по кредити не успеа да го добие работното место, ако судиме по просек и тие не го добија работното место, а пак ако судиме по работно искуство и тие не го добија работното место. Знаете ли кој го доби? Епа тоа ќе го прашаме господинот Сашо Донев! Првиот човек на ДПМНЕ во Охрид. Искрено се надеваме дека ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати зошто не успеале да го добијат работното место и кој го добил и зошто?Жално е тоа што господинот Мицковски ветува обнова и правда, а неговите локални шерифи уште сега ја започнаа обновота, а замислете што ќе биде кога ќе дојдат на власт. И за крај од името на ГДУ и нашите сограѓани ги прашуваме и ДПМНЕ и год Мицкоски и господин Донев што да прават останатите граѓани кои не се дел од семејството на Доневи или пријатели и познаници на некој функционер? Каде да бараат работа тие луѓе? Зарем 10- годишното искуство не е доволно? Зарем просекот од 9,58 не е доволен? Младите се иселувале, епа редно време е да се запрашате зошто е тоа така.

Posted by Граѓанско Демократска Унија ГДУ – Охрид on Friday, February 14, 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close