Кривична за албански државјанин, извршил тешка кражба во викенд куќа во с.Горна Белица

Регионалниот центар за гранични работи Запад – Одделение за прекуграничен криминал Струга, во соработка со Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава  против Б.Л.(21) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

Пријавениот го сторил делото во викенд куќа во с.Горна Белица, струшко, каде одзел повеќе предмети, кои биле пронајдени и одземени од него.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close