Донев: Портпаролот на ГДУ Охрид го допре дното, се служи со лаги и невистини – го повикувам јавно да се извини во рок од 24 часа

Портпаролот на ГДУ Охрид го допре дното. Не знаејќи како да го подобри рејтингот на својата партија почна да се служи со лаги и невистини на најнизок начин, предизвикувајќи повреда на честа и угледот на споменатите лица на својата клеветничка прес-конференција,  се вели во демантот од ОK на ВМРО-ДПМНЕ, т.е Сашо Донев, претседател на ОК Охрид на денешната прес-конференција на ГДУ Охрид.

Го повикувам да ја праша јавно директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид зошто за доктори не се примени највисоко рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива.

Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка, ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа докотори со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик, а не листа на избрани кандидати.

Го повикувам согласно Законот јавно да се извини во рок од 24 часа на начин и место како што беа првично дадени лажните тврдења, во спротивно до надлежниот суд ќе биде покрената соодветна тужбена постапка, се вели во демантот од ОK на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close