Градоначалникот Георгиески во работна посета на Софија

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески,  оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.

На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.

Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка на проекти за аплицирање на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.

фото: Општина Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close