Малолетно девојче каснато од куче во центарот на Охрид

50-годишниот С.Ц. од Охрид, синоќа, околу 20:20 часот во СВР Охрид пријавил дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Инцидентот се случил вчера, околу 08:00 часот, кога неговата малолетна ќерка на плоштадот „Св. Климент Охридски“, во центарот на градот, била касната од куче скитник во пределот на ногата, информираат од МВР.

ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ ИСПЛАТИЛ ИЛЈАДИНИЦИ ЕВРА ОШТЕТА ЗА ВАКОВ СЛУЧАЈ

За случај во кој кучиња нападнаа старец во центарот на Охрид, а тој бегајќи паднал и од повредите починал, ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ има изгубено судски спор и по основ на пресудата исплаќаше околу 70 000 евра оштетно побарување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close