(ВИДЕО) Снежни и лизгави патишта низ земјава, нема кој да ги исчисти?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, велат од АМСМ. Но состојбата на терен покажува дека на планинските превои каде што има снег истиот не се чисти.
Патиштата се лизгави со тенок слој на снег кој предизвикува зализгување на автомобилите. Препорачливо е крајно внимателно возење.

Инаку од АМСМ информираат дека од 8:00 часот воведена е забрана за ТМВ на патниот правец крак Маврово- Дебар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close