(ВИДЕО) Полицијата во Охрид се жалела дека нема доволно столови за седење на вработените во канцелариите

Наќе Чулев вчера од Охрид конечно ја постави дијагнозата за проблемот со охридската Полиција која има голема мака со обезбедување столови за седење за сите партиски исповработени кадри кои таму ги згрижија партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ минатите години. Исто така Наќе кажа дека голем е проблемот со кадрите во полицијата , посебно во униформираниот дел ( каде никој од партиите не сака да работи бидејќи сите сакаат да седат во канцеларија ), а практично партиите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Полицијата ја користеа за вработување на оние кои немаа каде „да ги пикнат“ на друго место, па така полицијата ја наполнаа со угостители, туристички менаџери и шумари. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close