Ниту еден македонски медиум не испрати новинар на оскарите

Ни една од големите телевизии нипак било кој друг медиум од Македонија не испратија свои новинари да информираат за нашата „Медена Земја“ од Лос Анџелес.

Иако по цели 25 години остварување од Македонија по втор пат влегува во конкуренција за најпрестижната филмска награда, нашите медиумите, пред се телевизиите не испратија новинари на настанот, а во вестите вечерва објавуваат анализи или линковски се вклучуваат од локации низ Скопје зборвајќи за Хатиџе Муратова и „Медена Земја“ како за нешто кое е толку далеку од дометот на нашите телевизии, што тие место да го снимаат и да ни јавуваат од местото на настанот, тие прават „финти“ со линкови низ Скопје и гости кои ја анализираат филмската индустрија.

СО ГОДИНИ НОВИНАРИ ВО СТРАНСТВО ОДАТ САМО СО ПОЛИТИЧАРИ

Повеќе од 20 години колку што со земјава владеат политичарите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ телевизиите од Скопје линкови од странство имаат само кога одат политичари на молитвени појадоци во Вашингтон или кога премиерите или некој министер ќе земеа на државна сметка со себе новинари од телевизиите.

За доделување на оскари, олимпијади, па дури ни на спортски натпревари во Европа кога игра Македонија , нашите телевизии немаат свои новинарски екипи на лице место.

Медиумскиот бизнис во Македонија е проценет на над 50 милиони евра годишен обрт на пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close