Митровиќ за заштитата на културното наследство како дел од програмата на „Македонски концепт“

На синоќешната „Европска вечер“ која во Скопје се одржа во организација на движењето „Македонски концепт“ свое обраќање имаше и Доц. Др. Никола Митровиќ,кој меѓу другото е и придружен член на „Виенскиот институт“. Тој зборуваше за процесот на заштита на културното наследство кое последните децении е разграбено, крадено и препродавано на црните пазари во странство.

ВИДЕО:

Културата е основна тематика и двигател во секојдневното општествено живеење!

Ова е значајна дефиниција за одбележување на културата но не и за начинот со кој се справуваме за заштита на се она што значи историско – културно наследство. Затоа во самата програма на македонскиот концепт од самиот почеток се прави јасна дистинкција и јасна поделба за она што навистина претставува културата во склоп со сите нејзини дејанија но од научен аспект тргнувајќи од нашата историја како нераскинлив дел од културата. Мора да имама јасен аспект, да бидеме прецизни и да донесеме заклучок дека секоја дејност од културата е лесно приемчлив. Уште потешко е дека некој сегмент е заеднички, некој уникатен, некој нераздвоен …и поради тоа несомнено е важно начинот за самата заштита на културните дејанија.

Можете да се изнаслушате небулози , дека влезот во ЕУ ќе претставува бришење или негирање или исчезнување на традициите, на обичаите или со еден збор можеби намалување на интензитет во културните дејанија.
Но тоа воопшто не е така, напротив Македонскиот концепт укажува дека токму на тој начин во комплексот наречен европска култура значаен сегмент ќе претставува и македонската култура и традиција како нерасклинив дел.
Од друга страна за да го постигнеме сето тоа, мора да се осврнеме кон процесите за заштита на самата култура гледано од историски, археолошки, етнолошки и многу други области. Како еден единствен начин за сето тоа да биде заштитено и полесно презентирано и популаризирано претставува дигитализацијата. Тоа е процес – основна алатка која во 21 век придонесува целокупна заштита од една страна, полесен пристап до корисникот од друга страна.
Во самата програма на Македонски концепт се воспоставува дигитализација на целокупното наследство а во овој момент би споменал само неколку:

– Дигитализација на археолошки локалитети  со цел целокупен преглед, евиденција како и пропаганда на истите- Дигитализација на икони како и целокупен регистар за богаството преставено во Икони со кој ќе се добие целосен преглед, достапност, заштита, пропаганизам и сл.- Дигитализација на културно историски објекти кои можат да се поделат во повеќе подгрупи во зависност од периодот на настанување, дејноста која ја обавуваат и сл.- Задолжително дигитализација на културно историско пишано богатство – архиви и архивски материјали и сл.И самиот јас бев дел од една таква акција при дигитализацијата на документацијата од Секретаријатот за европски прашања во соработка со одредени странски амбасади со која во целост се дигитализира целокупната документација од формирањето на СЕП па се до денес. А сето тоа може денес да се третира како култура т. е историја.Македонски концепт има свој постулат дека токму дигитализацијата е процес и преку кој се спречува можната манипулација кон нашата историја, пишано или археолошко богаство и сл.А тоа не случајно е поставено во приоритетите и постулатите на самиот концепт бидејќи на тој начин сме во терк со модерната технологија и процес за зачувување на културно историското наследство…а тоа е од особено значење.За крај…Културата е начин на живење, негувањето на традицијата е основа на постоењето…а тоа е врежано во Македонскиот концепт…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close