Комуналците го пречекаа градоначалникот Константин

Градоначалникот со селфи преку Инстаграм се заблагодари на работниците кои се најзаслужни за чистотата во Охрид и во овие денови кога десетици илјади луѓе поминаа низ центарот.

Градоначалникот Константин Георгиески по завршувањето на верските церемонии на пристаништето во Охрид беше пречекан од цел „одред“ вработени во ЈП „Охридски Комуналец“ кои стоеја во центарот на „готовс“ за да го исчистат пристаништето и централниот градски плоштад по завршувањето на верскиот обред.

Цела екипа на јавното претпријатие „Охрдски Комуналец“ на смени беше во центарот на Охрид од синоќа пред и по големиот концерт на Петар Грашо како и во текот на целиот денешен ден кога десетици илјади луѓе беа во центарот на Охрид, а парковите, тротоарите, пешачките зони, улиците и плоштадот останаа чисти како во обичен ден.

Синоќа на плоштадот во Охрид на концертот од Петар Грашо присуствуваа илјадници граѓани, а исто беше и денес на осветувањето на водите по повод верскиот празник Богојавление Водици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

(ФОТО) Охрид жив како никогаш порано – Грашо пее на преполн плоштад

(ВИДЕО) Георгиевски: Се помина во најдобар ред, за Рупески осветена икона од Св. Јован Крстител

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close