Јавно извинување од Диме Дуклески до докторката Мимоза Власи

Согласно Закон, „Охрид 1“ објавува јавно извинување испратено од лицето Диме Дуклески кое се упатува до докторката Мимоза Власи, а се однесува на коментари напишани од страна на Дуклески на официјалната страна на порталот „Охрид 1“ на социјалната мрежа Фејсбук.

Писмениот допис испратен од Дуклески до јавноста го пренесуваме во целост и е следниот:

„Врз основа на барањето за јавно извинување во врска со моето мислење изнесено на објавата “Охриѓанка упати Јавна благодарност до д-р Мимоза Власи“ на порталот Охрид 1, јас, Диме Дуклески во писмено обраќање јавно се извинувам доколку некој здравствен работник се пронашол навреден од моите зборови. Имено со својот коментар: “Доста ги фалите, туку кажете и колку родилки се починати и колку бебиња се заразени“, јас не упатив лична навреда и не именував никого, само го искористив своето право на слобода на говор и го произнесов своето незадоволство од здравството поради непријатно и болно искуство кое го имав во блиско минато со моето новороденче кое беше заразено од сепса.“

Напомена: Извинувањето до споменатата докторка не се однесува на содржини кои се авторско дело на редакцијата „Охрид 1“, туку на коментари напишани од лицето кое го испраќа ова извинување до јавноста, а неговите коментари не се објавени на порталот и не се став на медиумската куќа.

И покрај тоа што сме познати дека со години овозможуваме слобода на говор, првпат по речиси една деценија аминистраторите на Охрид 1 го блокираа лицето кое ги напиша коментарите за докторката и за нашиот портал ( против кој со години коментира без да биде блокиран )

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close