На полноќ небото се отвора -замислете јасна и недвосмислена желба

Во ноќта меѓу 18 и 19 јануари, поточно од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба. Православните верници во јануари го прославуваат Богојавление како еден од 15. најголеми христијански празници.

Според христијанската традиција, Христос кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да го покрсти свети Јован.

Чувствувајќи дека пред него е месијата, свети Јован го дочека Исус со зборовите: „Ти мене треба да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене да те крстам“. Исус на тоа му одговори: „Остави го сега тоа, зошто треба да ја исполниме секоја правда“. По тие зборови синот Божји влезе во Јордан. Тогаш над него се отворило небото и светиот Дух слегол врз Исус во вид на гулаб. Истовремено се слушнал гласот Божји, кој рекол: Ова е синот мој љубен. Тој е според мојата волја“.

Така, пред крштавањето на Исус, Бог се јавил во три личности – Бог Татко кој говорел од небото, Бог Син кој се крстел во Јордан и Бог Светиот Дух кој се појавил во вид на гулаб, слегол од небото врз главата на Христа. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Исус во месијанска мисија. Настанот на објавувањето на Богочовекот, се наведува во светите книги и се нарекува Богојавление.

 

Верниците на Богојавление се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“, а се отпоздравуваат со „Вистина се јави“.

 

фото:Macedonian Cuisine

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close