Охридската полиција кај Буково сопрела автомобил и пронашлa вреќа со марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23), А.Н.(35), двајцата од Битола и Т.Ј.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.01.2020 во 02.10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај депонијата „Буково“, полициски службеници сопреле патнички автомобил со кој се превезувале пријавените и при извршен преглед пронајдена и одземена е една вреќа со 4574 грама опојна дрога марихуана.

фото:Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close