Густа магла ја намали видливост на патиштата до 50 метри, а има и одрони

Намалена видливост до 50 метри, поради појава на магла, има на патните правци Тетово – с. Гајре, Павлешници, кула – Катланово, а со видливост до 100 метри на Страцин, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close