(ФОТО) Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

Во чест на св. Василиј Велики или меѓу народот познат како Василица , традиционално како и секоја година во општина Дебрца се дели баничка со паричка од страна на кумот кој претходната година го пратеше најмногу среќа и берикет. Кумот Ристо Наумоски која беше најсреќн изминатата година истакна дека паричката му донесе многу среќа, здравје и бериќет.

Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Лилјана Аврамоска од Одделението за правни прашања и општи работи е најсреќна во новата година од општинската администрација. Таа од колективот доби неколку подароци меѓу кој и икона со ликот на “Св. Богородица”.

Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година.

Градоначалникот Ногачески  на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2020 година.

фото: Општина Дебрца

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close