ВМРО ДПМНЕ: Рампата кај „Фаќачот на крст“ – неисправна, се ограничува движењето на граѓаните

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е тотално незаинтересирана за решавање на проблемите на охриѓани. Веќе подолг период не работи рампата на пристаниште кај Фаќачот на крст, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ нема никаква загриженост поради тоа што им се ограничува движењето на граѓаните поради неисправната рампа.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните да ги преземат сите мерки да ја стават во функција рампата за да може непречено да се движат граѓаните и туристите.

Доколку надлежните не можат да го решат овој проблем, тогаш како да очекуваме дека ги решат поголемите проблеми во градот за кој ги излажаа охриѓани.

Со СДСМ и Георгиески правиот пат наједноставно е попречен со рампа и нема напред за Охрид, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close