(ФОТО) ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Стружани прашуваат зошто се изврши масовна сеча?

Граѓаните на Струга повторно во грижи. Извршена е масовна сеча на дрвјата и зеленилото на улиците ,,Партизанска” и ,,Боро Хаџиески” од засега непознати причини за граѓаните на Струга.

Имено, ЈП,,Комунално”- Струга, излезе со реакција и во своја одбрана дека одреден изведувач на градежни работи, засега непознат за јавноста, градел на истата локација и со решение добиено од Секторот за комунални работи на општина Струга, побарал од ЈП,,Комунално” да ги подигне веќе исечените дрвја, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Прашањата кои што се поставуваат се следните:

Од која причина се сечат дрвјата и за каква цел?

Какви планови се коваат и што всушност се крие позади оваа сеча, и на тоа малку зеленило што му остана на градот?

Дали, можеби повторно станува збор за градење наплатни паркинзи и полнење нечии џебови или бизнис зделки, како што се сомневаат стружани?

До кога ќе трае ова расипничко водење со локалната самоуправа под раководство на СДСМ и ДУИ?

 

Почитувани,

Наместо проекти за развој и поттикнување почиста животна средина, добивме несреден и загаден град со чудни и матни бизниси кои секојдневно ескалираат.

СДСМ пред Локалните избори ветуваа дека ќе се залагаат за зачувување на зеленилото и чиста околина во општина Струга, а сега гледаме како немилосрдно се сечат огромни површини зеленило и тоа под сомнителни околности. Граѓаните на дело го гледаат сето лицемерие на СДСМ како и на директорот на ЈП ,,Комунално”.

Верувајте, народот веќе многу јасно ги согледа вашите нечесни намери и желбата што повеќе да приграбите, пред да заминете од власт.

Но, за среќа на стружани, вашиот крај, господа од власта, многу скоро ќе дојде и тоа, на 12 Април и тогаш, граѓаните ќе ве казнат за сите ваши лаги и злодела.

Ќе дојдат луѓе кои што вистински и одговорно ќе водат грижа за градот и граѓаните на оваа наша општина.

Ќе дојде Обновата на Република Македонија и општина Струга, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close