Густата магла го затвори аеродромот во Охрид

Заради густата  магла за прв пат оваа сезона  пренасочени и откажани се денешните летови од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

За полетување е откажан летот за Дортмунд, денес во 11 50ч , а за слетување е пренсочен на скопскиот аеродром летот во 11 20 ч  исто така од Дортмунд.

Од ТАВ аеродроми ги упатуваат патниците да го следат официјалниот сајт на аеродромот за сите информации во однос на полетување и слетувањa.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close