Илија Милески го доби решението за началник на СВР Охрид

Јавноста во исчекување на новите началници во секторите за внатрешни работи низ земјава по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.

Денеска ќе се обелоденат имињата, после три дена консултации и избирање на најдобрите предлози и кадри.

„Охрид 1“ веќе објави дека  началник на СВР Охрид ќе биде Илија Милески.

Заради доцнењето со назначувањето на кадрите,  МВР вчера објави официјално соопштение дека привремено биле стопирани назначуваањата, поради допроверување на кадрите кои што се предлози за началници.

ВМРО ДПМНЕ претходно испратило листа со предложени три имиња, но минситерот Наќе Чулев се одлучил за сопствено кадровско решение.

Но овие проверки не се однесуваат за Охрид. СВР Охрид денеска треба да го добие новие началник, поточно на Милески ќе му биде врачено решението.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close