Македонски концепт започнува кампањата – „За нормална држава“

Македонски концепт започнува кампањата „Приклучи се, направи промена под мотото „За нормална држава“.  Во соопштението кое го испратија до медиумите се вели:

„Во услови кога институциите потфрлија, кога не успеajа да се справат со мафијата, останува тоа да го направат граѓаните. Тоа е Македонски концепт, форма на граѓански активизам за справување со бандитите!

Долго време македонските граѓани бараат организирана форма за настап на политичката сцена во земјава, различна од досегашната политичка понуда. Платформа која е независна од воспоставените елити, понуда која не ја контролира мафијата, која нуди нормалност, наспроти целата ненормалност во последниве 30 години. Сега ја имаме таа понуда, тоа е Македонски концепт!

Платформата е отворена за секој граѓанин, без разлика на кој идентитет го носи во себе, за секоја организација или политичка партија. Има само еден услов, секој од нас треба бескомпромисно да ја поддржува македонската државност. Така сите заедно, посветено ќе работиме за унапредување на истата.

Од успехот на оваа кампања, односно од поддршката која граѓаните ќе ја дадат на Македонски концепт, ќе се донесе конечна одлука за граѓански настап на претстојните Парламентарни избори 2020 година.

Кампањата ќе биде активна до средината на месец февруари 2020 година, брендирана со веќе промовираното лого на Македонски концепт. Ќе се користат три бои: црна, црвена и жолта. Планирани се низа активности, средби со граѓани, медиумска кампања, социјални мрежи, промоција на програма и проекти и сл. Но едно да бидете сигурни, Македонски концепт нема никого од Вас да присилува да лепите плакати или да биде ботови на социјални мрежи, туку да спортувате и да живеете нормално. Да се чувствувате пријатно кога ќе се сретнете со некој наш претставник или со наша реклама.  За нормална држава! Приклучи се, направи промена, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close