Според државниот завод за статистика, трошоците на живот на годишно ниво бележат пораст

Tрошоците на живот во декември во однос на ноември минатата година се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент. Според Државниот завод за статистика во последниот месец од 2019 има пораст на трошоците на живот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,6 проценти, Здравје за 2,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1,6 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1,2 проценти, Ресторани и хотели за 0,9 проценти.

Намалување, пак, е забележано во групите: Транспорт за 2,2  проценти, Комуникации за 1,7  проценти, Облека и обувки за 1,5 проценти, Образование за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1  процент. Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележаа пораст од 0,4  проценти, а цените на мало намалување од 0,2  проценти.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close