Од полноќ, нови цени на горивата – поевтинуваат за половина денар

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. \

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 –  70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,305 денари на 38,548 денари за килограм.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close