Разговор со Борче Димоски за DESTINATION WEDDINGS и снимањето „Love Story“ низ Европа

Последните неколку години снимањето на т.н. „Love Story“ со младите пред официјалната свадбена церемонија стана вистински хит, кој од семејните албуми и видеа се пресели на интернет каде поедини вакви видеа станаа вистински вирални хитови.

Снимањето на вакви видео материјали пред свадбената веселба, полека но сигурно стана поважно и од снимањето на самата свадба, па на ваквите видео клипови работат цели продукции кои ги исполнуваат барањата, замислите или фантазиите на невестата и зетот.

Колку повеќе расте популарноста на ваквите снимања, толку повеќе се подигаат критериумите за снимање кои секоја година се повисоки од претходната, како во поглед на креативноста, така и во поглед на техничката опременост за реализирање на снимањата.

Најнов тренд е младите да снимаат видеа низ европските метрополи или туристички центри, а на овој план лидер во нашиот град е „Дигитал Бокс“, фирма која до сега има снимено повеќе видеа во неколку европски градови.

„Love Story“ снимано во Париз

Сопственикот Борче Димоски за Lifestyle.mk вели дека трендот за снимање на вакви видеа се интензивира последните неколку години, и дека снимањето низ Европа во иднина ќе стане уште поголем хит.

„Ние сме спремни да излеземе во пресрет на секоја желба, замисла, или идеја која ќе ја имаат идните брачни партнери. Полека стекнавме искуство со снимање низ цела Европа и мислам дека спремни сме да го прифатиме секој предизвик кој ќе се постави пред нас, а верувајте кога се невестите во прашање, желбите и замислите какво да е видеото, се скоро неверојатни“ – вели Борче Димоски.

„Love Story“ снимано во Виена

За тоа какви се младите брачни парови пред свадбата и како се справуваат со нивните желби, Борче вели:

„ Искуството покажува дека невестите се многу повеќе заинтересирани до зетовите. Тие се повеќе посветени на свадбите воопшто, не само околу снимањето, туку околу се што треба за свадбата. Од декорации, до фустани, па до самите настани кои ги имаат во текот на денот како дел од свадбената церемонија“ – вели Борче и додава дека тоа е така, најверојатно затоа што секое девојче од мало фантазира да е невеста, па кога ќе дојде тој ден , од страна на жените се доживува како исполнување на повеќе годишен сон.

DESTINATION WEDDINGS Свадба снимена во Швајцварија

„ Мислам дека тоа е причината која нас не тера да бидеме се подобри и подобри во нашата работа. Ние ја имаме одговорноста да се овековечи еден сон, кој некое мало девојче го сонувало од најрана возраст, а на нас ни се паднало да треба тоа да го преточиме во видео реалност. Тука има и стресни ситуации, и моменти со одредена тежина во работата кои се последица  на таа голема одговорност која ја преземаме во наши раце и успешно се носите со таа одговорност“ – вели Борче Димоски.

Но како и да е, Борче вели дека тој се справува со соништата на невестите и соновите на младите дами ги преточува во видео и фото материјали кои остануваат како вечни спомени за цел живот.

Извор: Lifestyle.mk

Фото и видео: Дигитал Бокс

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close