Членовите на „Вики Клуб Охрид“ уредуваат статии за ретките болести на Википедија на македонски јазик

Под мотото ЗА ДА НЕ СЕ РЕТКИ ОНИЕ КОИ ЗНААТ ЗА РЕТКИ членовите на Вики Клуб Охрид, денес, во црквата Св.Илија во село Рамне уредуваат статии за ретките болести на Википедија на македонски јазик. На оваа тема ќе уредуваат интензивно до одбележување на Светскиот ден на ретките болести во февруари, а потоа, соработката секако дека ќе продолжи во континуитет се додека не се обработат сите статии на таа тема. Целта на овие активности е достапност на информации за ретките болести на интернет енциклопедија, на мајчин јазик.
Огромна благодарност до Црвен крст Охрид за поддршката која ја нуди на Вики Клуб Охрид и Здружението за ретки болести, велат од здружението.

фото: ФБ ретки болести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close