Охрид СОС повика: ДОЛУ ВЛАДА !!!

Со хаштаг „#Долу Влада“ и пост во кој сите сегашни функционери се оценуваат како некпомпетентни и непосветени на заштитата на Охрид, на Фејсбук страната на „Охрид СОС“ се повика на промени.

„Охрид СОС“ во јавноста се појави кога со Охрид владееше естаблишмент поставен од ВМРО ДПМНЕ. Тие жестоко се конфронтираа со тогашните власти и отворено работеа со претставниците на тогашната опозиција, пред се со Томислав Тунтев од СДСМ.

Тогаш иако „Охрид СОС“ беше правно непостоечка творба во јавноста се појавуваа неколку лица кои се претставуваа како раководство на „Охрид СОС“, но по изборите 2017 година овие лица се повлекоа од медиумите.

Кој стои денес зад оваа и денес правно непостоечка творба и кој повикува да падне, сега Владата на СДСМ на која „Охрид СОС“ и помогна да дојде на власт не е познато.

Во јавноста во следниот период ќе се отвори прашањето дали „Охрид СОС“ од правно непостоечка и никаде нрегеистрирана творба, можеби се подготвува правно да се канализира и отелотвори во политички субјект кој ќе  се појави на избори ?

ПРВА ГОЛЕМА ПОБЕДА на „Охрид 1“ во борбата со лагите нa Охрид ЅОЅ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close