Една година од смртта на Јован Стојаноски

Пред точно една година , на 15 декември ненадејно почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

Стојаноски почина како последица на инфаркт кој го доживеал во својот кабинет, од каде бил пренесен најпрво во Општа Болница, а потоа и во Кардиолошки Завод.

Почина додека екипите го транспортирале од едната во другата болница.

Информацијата за смртта на Стојаноски прв во јавноста ја објави нашиот портал „Скопје1.мк“ , а јавноста ја прими со неверување и шок.

Смртта на Стојаноски беше прва смрт на градоначалник на Охрид додека е на функција и предизвика предвремени Локални избори.

Постхумно градот Охрид на Јован Стојаноски му ја додели наградта „Свети Климент Охридски Патрон на Охрид“.

Во продолжение емисијата МОЈОТ ЖИВОТ МОЈОТ СВЕТ во која гостин беше Јован Стојаноски, oбјавенa на Ohrid1.com на 20 февруари 2015 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close