Брегот масовно се уништува – Валдата подготвува закон да го легализира хаосот

Брегот на Охридско Езеро во Струга е на досега незапамтен удар на нелегална градба и свесно и планирано уништување на природата ( која е под заштита на УНЕСКО ) а со цел да се приграби просторот од страна на поединци кои очигледно се помоќни од државата и истиот да се изгради и комерцијализира.

Со денови некој намерно тура нафта во езерските води кои се обрастени со трски и ги пали, огнот гори со денови и се гледа од сите населби околу Струга, а медиумите редовно за тоа информираат, но државата никаде ја нема и институциите на државата ( било да се предводени од Рамиз Мерко од ДУИ или  Зоран Заев од СДСМ ) не реагираат и пред очите на сите се случува ова безаконие и мафијашлук.

Охрид ЅОЅ на Фесјбук објави фотографии како се поставува бетноска подлога за градба на објект на самиот езерски брег, до просторот каде некој свесно ја палеше трската.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close