Неавтохтон вид златен карас уловен во Охридското Езеро

Златен карас уловен во Охридското Езеро. Рибата е убава за глетка, но на овој вид риба, во никој случај не и е местото во езерските води. Како оваа стиба стигна тука сеуште никој не открива.

Инаку фотографии од рибата на својот фејсбук профил објави вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски – Лепи.

Станува збор за неавтохтон вид златен карас, риба која и претходно е забележана во водите на езерото, а ја уловил риболовецот Боби Стојаноски.

Рибата која е со тежина од околу еден килограм, најверојатно е пуштена во езерото од страна на неодговорни поединци, а е уловена во каналот „Студенчишта“. Експертите апелираат тоа да не се прави, бидејќи сериозно се нарушува биодеверзитетот.

Ова не е прв ваков случај. Во август минатата година, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во водите на Охридското Езеро, кај „Заливот на коските“, ја снимија рибата сончарка (Lepomis gibbosus), која исто така не припаѓа на охридскиот екосистем.

Апелираме да не се пуштаат во езерото неавтохтони видови риби, бидејќи можат лошо да влијаат врз биодиверзитетот на езерото. – велат од Нуркачкиот центар „Акватек” од Охрид.

Пред неколку години беше уловен исто така азиски вид риба. И тогаш спортските риболовци, научната јавност и љубителите на природата предупредија на негативните последици по живиот свет во Охридското Езеро доколку се зголеми бројот на видови кои никогаш не егзистирале во овие води, кои со милениуми се природно живеалиште на голем број ендемски видови, од кои дел живеат само тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close