(ФОТО и ВИДЕО) Еколошки инцидент: Се излеа нафта од потонат брод во каналот Студенчишта

Потона бродот „Лихнида“ во каналот Студенчишта, а горивото се излеа во каналот кој директно е поврзан со Охридското езеро. Сличен инцидент имавме пред две години, кој за среќа благодарение на брзата реакција на надлежните не се дозволи ширење на нафтата во Езерото.

ВИДЕО

Капетанот на капетанија на пристаништата Горан Устијаноски за Охрид 1 вели дека екипи од капетанија веднаш излегле на терен и дека во најкраток рок старото пловило ќе се подигне од каналот. Станува збор за неодржуван брод кој и досега требаше да биде отстранет од каналот.

Устијаноски додава дека уште денеска ќе се направи координација со локалната самоуправа, и сите бродови кои се во ваква состојба да се отстранат од каналот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close