Kevin Levrone во Македонија

 На 2ри Декември во теретаната Star Gym во Скопје се одржа третиот семинар на мегапопуларниот Kevin Levrone во Македонија. Леврони доаѓа во Македонија веќе трета година по ред благодарение на главниот дистрибутер за неговата линија на суплементи – The Strongest Shop(Скопје) и единствениот легален застапник на истиот за југозападниот дел на Македонија – Genesis – Health Fitness Power(Охрид).

https://www.youtube.com/watch?v=7I54mkwg1Uc&list=PLwGcp8Qjko-2QinJj2kYs1U8Qv6zK9GQP&index=7

Леврони е роден на 16ти Јули 1964 година и е Американски IFBB PRO бодибилдер,еден од десетиците Hall of Fame бодибилдери на сите времиња. Се има натпреварувано на 64 професионални натпревари и се смета за еден од најдобрите бодибилдери во 90тите години. Иако никогаш не ја подигнал титулата на најпрестижниот натпревар – Mr.Olympia, тој го држеше рекордот по бројот на победи на професионални натпревари(23) се до 2004 година кога Ronie Colleman го постави новиот рекорд.

По 30 годишна кариера и градење на неговото име и бренд, пред 3 години се решава да ја пушти неговата линија на додатоци во исхраната – Kevin Levrone Signature Series, бренд зад кој стои токму неговото име. Како што и кажа на семинарот, нема пари кои можат да го купат чистиот образ, неговото име не смее да се извалка ни со најмал сомнеж за квалитетот на неговите производи, достапни и во Македонија во Genesis(Охрид) и Тhe Strongest Shop(Скопје).

Бобан Наумоски, сопственикот на Genesis и 4ри кратен шампион на Македонија во бодибилдинг има можност веќе втора година по ред да ја дели семинарската маса со Леврони и сопственикот на The Strongest Shop – Ивица Алексовски, најдокажаниот тренер по боречки вештини во Македонија. Изненаден од достапноста на атлета од калибар на Леврони, со милион следбеници на социјалните мрежи, Бобан се враќа во Охрид со новитетите во областа на нутриционизмот,персоналните тренинзи и суплементација. По разговорите со Леврони, Кевин изненаден од знаењата на Бобан во полињата на фитнесот го зема телефонот за да испрати јавен повик до сите Македонци кои имаат потреба од персонален тренер, мотиватор и нутриционист да не губат време и да се обратат на Бобан за помош.

https://www.youtube.com/watch?v=ChdOR4BT2MQ&list=PLwGcp8Qjko-2QinJj2kYs1U8Qv6zK9GQP&index=8
https://www.youtube.com/watch?v=LJo4-tzoXy4&list=PLwGcp8Qjko-08NV1Z7QVjvro-jE3i0n2K

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close