(ВИДЕО) На Стража започна да врне снег и направи хаос

Возилата на превојот Стража едвај се движат и разминуваат, откако претходно во снег заглавија тешки товарни возила. На тесниот пат кај Стража, заглавени седат неколку камиони, а автомобилите возат пополека бидејќи подмрзнат е и патот.

Поради непоседување на зимска опрема, со вкчуени четири трепкачи стојат и неколку автомобили, чекајќи машините на Македонија пат да го исчистат асфалтот.

Инаку снегот на Стража почна да паѓа од попладнево и донесе проблеми за возалите. Според оние кои патуваат на патниот правец Гостивар-Кичево, на повисоките предели има поголеми количини на снег, но никој не го чисти патот. Токму снегот направи проблеми и во сообраќајот.

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ОХРИД ПРЕКРИЕН СО СНЕГ НА 30 ДЕКЕМВРИ 2014 ПОГЛЕДНЕТЕ ОД НАШЕТО АРХИВСКО ВИДЕО:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close