Утре е „Пречиста“, во црквата Св. Богородица Каменско – Света архиерејска литургија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Утре среда, 4-ти декември, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.

Литургијата која ќе започне во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Вечерва во очи на празникот оние кои овој ден го прославуваат како семејна слава се прославува со вечера со најблиските откако преходно се свештено лице пее лепче и пченица.

Инаку празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот, што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби. Овој празник исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Тој  се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.
Праведните Јоаким и Ана се вели во сведоштвата долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.

Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа  ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овојпат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

Во спомен на воведувањето на тригодишната Марија во храмот светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 4 декември.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете. Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината.

фото: Архива

YOUTUBE ONE MEDIA ВИДЕО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close