Поп пејачката Валери со пред новогодишно изненадување – наскоро промоција на „ Вози Ме“

Поп пејачката Валери,годината ја испраќа а новата ќе ја дочека со видео спот за нејзината најнова песна „Вози ме“ . Станува збор за поп верзија во која вокалните квалитети на Валери доминираат.  Водејки се од народната добриот тим не се менува Валери и во овој музички проект остана со истата екипа.  Во создавањето на „Вози ме“ подеднакво учествува самата таа  и Темелко Андреевски.

„Возиме е песна на која  исто како и во претходните проекти работевме јас и мојот продуцент Темелко Андреев. Оваа песна се издвојува од другите, решивме да ја направиме малку поразлична од предходните,и тоа навистина ни успеа. Снимањето на сцените траеше една ноќ. Јас, но и целиот тим кој стои позади мене сме задоволни од создадениот материјал кој го снимаше Горан Симјаноски,кој во моментов работи и на монтажата на истиот. Со нетрпение очекувам да го видам крајниот резултат“, потенцираше во својата изјава Валери.

Валери, досега има издадено шест песни , за три од нив има снимено и видео записи. На македонската музичка сцена е присутна неколку години.Нејзините песни долго се на врвот на музичките топ листи , а таа заедно со својот бенд често настапува на свирки во живо.

Песната Возиме ја посветува на сите оние кои што сакаат да бидат сами барем за миг со личноста што ја сакаат, настрана од сите луѓе,како што вели Валери во еден од нејзините стихови„некаде сами без очи за завидни, кај што нема луѓе и нема темни мисли”.

Промоцијата на видеоспотот е закажана за првата недела од месец Декември, ќе се случува онаму каде што истиот се снимаше.

„Во 19 часот во среда на  4ти декември,  во Станбено деловниот комплекс Атлантис во Велес, на местото каде што се снимени најголем дел од сцените, ги поканувам сите љубители на македонската поп музика да бидат дел од промоцијата на „Возиме“. Покрај самиот спот, присутните ќе имаат можност да видат и дел од работната атмосвера која ја имавме ноќта кога се снимаше истиот“, вели Валери.

Продукциската куќа,,Импакт Продукција“, очекува ова музичко парче да биде добро прифатено од публиката и долго време да биде на врвот на топ листите во музичките радио и телевизиски емисии како и многу прегледи на YouTube.

фото: ФБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close