Голем успех на охридските гимназијалци на настанот ,,Ноември-месец на науката”

Потрагата по нови знаења,откривање на нови хоризонти но и дружење и забава ,овојпат однесе неколку охридски гимназијалци со своите наставници по физика во просториите на City Mall во Скопје на еден навистина прекрасен настан насловен како ,,Ноември-месец на науката”.Настанот на кој нашите ученици се претставија на 19.11.2016г.претставуваше еден прекрасен спој од наука и дружење помеѓу менторите и учениците кои настојуваа да се покажат пред многубројната публика во најубаво светло.Следуваа многу научни и интересни изработки, демонстрации и експерименти подготвени и презентирани од учениците кои комисијата од професори од Природно-математичкиот факултет во Скопје со голема посветеност и внимание ги следеше и оценуваше.Прекрасната организација на оваа манифестација им овозможи на учениците да проследат и многу интересни предавања како и посета на лабораториите на ПМФ.

На овој прекрасен настан, во областа на физиката, нашите ученици од охридската гимназија се закитија со следните награди:

Прва награда-категорија ученици од четврта година:

Марија Мојсовска на темата :Шлирен ефект (ментор Јасмина Јанева)

Втора награда-категорија ученици од втора година:

Емилија Наумоска и Викторија Алексовска на темата:Генерирање на ултразвук со магнетострикција       (ментор Марија Сиљаноска)

Трета награда-категорија ученици од четврта година:

Грозданов Димитриj  и Грозданова Михаела на темите:

Mini Hoverboard и пиезоелектричен генератор      (ментор Виолета Никовска)

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close